Дома Фудбал Англија Валенсија потврди дека е „жртва“ на Мурињо

Валенсија потврди дека е „жртва“ на Мурињо

Антонио Валенсија тврди дека неговото отсуство од стартниот тим на Манчестер Јунајтед е чиста тактичка одлука на тренерот Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред извесно време Мурињо изјави дека Валенсија е повреден и дека не е спремен за игра, но Еквадорецот денес го демантираше „Специјалниот“.

„Валенсија е повреден и не може да тренира со тимот. Тој работи напорно во салата, но без топка и не со тимот. Се уште не е подготвен“, изјави Мурињо.

Валенсија самиот се стави во неповолна ситуација откако минатиот месец имаше „лајкнато“ пост на кој се бараше оставка од Жозе Мурињо, па се претпоставува дека тоа е причината за отсуството.

„Во овој момент не играм многу, но тоа повеќе е од тактичка одлука на тренерот, отколку од тоа што беше пренесено. Играчот на моето место се справува добро и јас треба да ја почитувам одлуката на менаџерот. Она што можам да го направам е да продолжам да тренирам за да сум на располагање, кога тимот има потреба од мене. Мирен сум и знам дека мојата шанса ќе дојде, изјави Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона со јасна порака до Феран Торес: Ако го направиш тоа, ќе те оставиме да одиш во ПСЖ

Веќе неколку недели се шпекулира дека Феран Торес би можел да ја напушти Барселона и карие…