Дома Трансфер зона Валенсија го шокира Интер: Кансело станува најскап бек во светот

Валенсија го шокира Интер: Кансело станува најскап бек во светот

Жоао Кансело моментално настапува во Интер како позајмен фудбалер од Валенсија, а „нероаѕурите“ имаат можност да ја активираат клаузулата за откуп до 30-ти мај.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Проблем за Интер е што за откуп треба да искешира 35 милиони евра, а поради проблеми со Финансискиот фер-плеј миланскиот клуб не може да ги плати тие пари.

Поради тоа Интер бараше од Валенсија најпрво да ја намали цената, а потоа и да го продолжи рокот за откуп до 30-ти јуни.

Меѓутоа Валенсија не сака ни да слушне за такво нешто, бидејќи има многу повисоки понуди за португалскиот репрезентативец.

Наводно Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се заинтересирани за Кансело и се спремни да понудат 50 милииони евра за неговиот потпис.

Споменатите клубови чекаат расплет на целата ситуација, бидејќи Интер има предност и може да го откупи Кансело до 30-ти мај за 35 милиони евра.

Сепак, доколку „нероаѕурите“ не обезбедат пласман во Лигата на шампиони, тешко е да се поверува дека ќе го откупат Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…