Дома Фудбал Валверде: Не можеме да останеме дома и да рониме солзи

Валверде: Не можеме да останеме дома и да рониме солзи

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде призна дека разочарувањето е огромно после елиминацијата на тимот од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, ги повика фудбалерите да ги кренат главите и веднаш да им се вратат на победите против Валенсија овој викенд.

„Тимот е добро, ако се има предвид дека ситуацјата е многу тешка. Ова е нашиот втор најтежок период после август. После тој момент тимот започна прекрасна серија. Жаламе што отпаднавме од ЛШ, жаламе за нас и за фановите“, призна Валверде.

„Едвај чекаме да дојде следниот меч. Ако продолжиме да мислиме за мечот со Рома ќе продолжиме да губиме. Не можеме да останеме дома и да рониме солзи поради тоа што се случи. Во Лигата на шампиони е така, ако се опуштиш малку ќе платиш скапо“, заклули стратегот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…