Ваков случај фудбалот не памети.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалскиот клуб Монако пронајде одличен начин да го задржи својот фудбалер Фабињо. Имено, клубот од Кнежеството на „Луј втори“ ја доведе и неговата сопруга Ребека Тавареш.
Не се работи за никаква шега, Монако потпиша професионален договор со Ребека и таа во иднина ќе настапува за женскиот тим на овој француски клуб.
Иначе, Ребека игра во средината, а повеќе информации за овој трансфер не беа објавени. Како и да е едно е сигурно, Фабињо не оди никаде.