Дома Фудбал Бурно во Наполи пред финалето: Гатузо избркал играч од тренинг

Бурно во Наполи пред финалето: Гатузо избркал играч од тренинг

Џенаро Гатузо на еден од последните тренинзи на екипата се изнервирал и од тренинг го избркал Ирвин Лозано, кој очигледно нема иднина во Наполи.

Гатузо сака да го освои првиот трофеј како тренер, а негов противник ќе биде Јувентус, па сигурно нема да биде лесна задачата во финалето на италијанскиот Куп.

Италијанските медиуми пишуваат дека Гатузо се изнервирал бидејќи Лозано не покажал никаква желба на тренингот, па поради тоа го преселил на клупата, а најверојатно и ќе се обиде да го продаде.

Лозано пристигна минатото лето од ПСВ Ајндховен за 40 милиони евра, по желба на Карло Анчелоти, но постигна само три гола и две асистенции на 25 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се тресеше во Прага, но го сочува триумфот против Славија

Мадуеке и Ѓокереш донесоа два гола предност, а потоа Раја и Габриел го спасуваа Арсенал за…