Дома Фудбал Англија Бурно било во Јунајтед по поразот од Тотенхем: Фернандеш му се „истурил“ на Мегваер!

Бурно било во Јунајтед по поразот од Тотенхем: Фернандеш му се „истурил“ на Мегваер!

Англиските медиуми утрово пишуваат за расправија во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, наводно Бруно Фернандеш влегол во конфликт со Хари Мегваер.

На Островот се тврди дека било бурно после тешкиот пораз на „црвените ѓаволи“ од 1:6 против Тотенхем. Фернандеш бил револутиран и лут поради лошото издание на Мегваер и отворено го нападнал капитенот на „ѓаволите“.

Според информациите ситуацијата ја смирувал тренерот Оле Гунар Солскјер кој застанал зад капитенот на тимот.

Како што се наведува Фернандеш му се обратил на Мегваер со зборовите дека не заслужува да го носи дресот на Манчестер Јунајтед.

Инаку, Мегваер е констатно мета на критики од кога дојде во Манчестер Јунајтед, многу натпревари не одигра на нивото на кое се очекува од еден стопер платен 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…