Дома Топ вести Бунт во Барселона: Играчите се кренаа против Меси

Бунт во Барселона: Играчите се кренаа против Меси

Шпанскиот портал „Диарио Гол“ лансираше вистинска „бомба“ и информира дека пет фудбалери на Барселона му се спротиставиле на капитенот на каталонскиот гигант Лионел Меси. 

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Марк- Андре Тер Штеген, Рики Пуиг, Осман Дембеле, Самуел Умтити и Жуниор Фирпо јавно го информирале аргентинскиот интернационалец дека им смета тоа што тој се уште нема донесено конечна одлука околу тоа дали ќе остане во редовите на Барселона или ќе си замине на крајот од сезоната.

На споменатите фудбалери исто така им смета тоа што како капитен не комуницира со сите играчи, туку само со тие кои подолг период се дел од Барселона.

Меси, како што е познато, уште изминатово лето побара заминување од клубот, но на крај остана да го одработи договорот до крај.

„Како што кажав многу пати до сега, Меси е среќен тука. Тој е многу важен за нас и неговата креативност влијае на сите“, истакна Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Преди 10 години Меси се откажа од репрезентацијата на Аргентина. Останатото е историја

Пред точно 10 години Лионел Меси го шокираше фудбалскиот свет, објавувајќи го своето повле…