Дома Фудбал Германија Бундеслигата започнува со големо дерби на 5 август

Бундеслигата започнува со големо дерби на 5 август

Германскиот шампион Баерн Минхен ќе ја започне одбраната на титулата во Бундеслигата со гостувањето кај шампионот во Лига Европа, Ајнтрахт Франкфурт на 5 август.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вицешампионот Борусија Дортмунд ќе ја започне сезоната со Баер Леверкузен, кој минатата сезона заврши на третото место, додека Лајпциг во првото коло ќе му гостува на Штутгарт.

Првото големо дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ќе се игра во Дортмунд на 8 или 9 октомври, а вториот натпревар во Минхен ќе биде на 31 март 2023 година.

Оваа година ќе биде малку поинаква поради планираната пауза во ноемвро за Светското првенство во Катар. Бундеслигата ќе продолжи на 20 јануари 2023 година и ќе трае до 27 мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бразил се намачи против Јапонија, но се пласираше во осминафиналето

Петкратниот светски шампион Бразил е вториот тим што се пласираше во осминафиналето на Све…