Откако порача дека не слушнал расистички навреди на сметка на репрезентативците на Англија од домашните навивачи, селекторот на Бугарија, Красимир Балаков денеска се извини.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англија во понеделникот славеше убедливо против Бугарија во квалификациите за Европското првенство, но мечот го одбележаа прекините за расистичкото дивеење на навивачите.
УЕФА реши да го обвини Фудбалскиот сојуз на Бугарија за расистичко однесување, а наводно поради споменатите обвинувања се уапсени и неколку лица.
„Ги осудувам сите начини на расизам како неприфатливо однесување, кое се спротиставува на нормалните односи меѓу луѓето. Мислам дека ваквите предрасуди мора да се закопаат во минатото и никој не смее да биде мета на истите. Тренирав многу бугарски тимови и имав фудбалери од различно потекло, но никогаш никој не ги судеше според бојата на кожата“, порача селекторот.