Дома Фудбал Останато Бугарската легенда ни завидува: Погледнете само каде играат македонските фудбалери, а каде нашите

Бугарската легенда ни завидува: Погледнете само каде играат македонските фудбалери, а каде нашите

Јордан Лечков кој е еден од најславните бугарски фудбалери во историјата зборуваше за ситуацијата во бугарскиот фудбал и нивната ситуација ја спореди со нашата.

Тој на оваа тема зборуваше откако вчера Бугарија претрпе пораз од Финска со 0:2.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Пред 10 годин кажав дека треба добро да го погледнеме националното првенство, да видиме што е со натпрварите среда-сабота и да видиме кои Бугари играа тогаш. Погледнете ја само Македонија, не ви ја посочувам како пример затоа што сега ќе играат на Европско првенство, туку како пример каде играат македонските фудбалери, а каде нашите. Мора лигата да ни биде посилна, но и младите се помалку имаат желба за спорт и сите сме виновни за тоа“, изјави Лечков.

Инаку, Лечков сега е претседател на Фудбалскиот сојуз на Бугарија, а беше дел од генерацијата на Бугарија која на Светското првенство во 1994 година направи неверојатен успех и заврши како четвртопласирана.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги тренер на сезоната во Серија А

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е прогласен за најдобар тренер во Серија А за оваа сезона…