Дома Македонски спорт Мак фудбал Бугарија нема да игра со Македонија во Софија, се плаши од инциденти?

Бугарија нема да игра со Македонија во Софија, се плаши од инциденти?

Раководството на Фудбалската федерација на Бугарија ја разгледува опцијата дуелот со репрезентацијата на Македонија на стадионот „Хувефарм Арена“ во Разград. 

Бугарија ќе ја пречека македонската репрезентација на 2 јуни 2022 година во првиот натпревар од Лигата на нации, а во групата се уште и селекциите на Грузија и Гибралтар.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Една од причините за ваквата одлука е загриженоста за можни провокации од ултраси во главниот град поради затегнатите односи меѓу двете земји.

„Тоа може да се случи. Разговаравме со стручниот штаб некои од натпреварите да се играат на различно место од Софија. Една од опциите е да се нагости Македонија во Разград. Сепак, ова се само разговори, во оваа фаза не е донесена конечна одлука“, изјави техничкиот директор на репрезентациите, Георги Иванов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Кари на врвот: Ова се најплатените кошаркари во НБА лигата

Сезоната во најсилната кошаркарска лига НБА влегува во самата завршница, а интересно е што…