Дома Македонски спорт Мак фудбал Бугаринот Милев четврто засилување за Шкендија: Дојдов во еден од најдобрите балкански клубови

Бугаринот Милев четврто засилување за Шкендија: Дојдов во еден од најдобрите балкански клубови

Бугарскиот интернационалец Наско Милев е четвртото засилување оваа зима за Шкендија.

Милев потпиша договор на 1.5 година со опција истиот да биде продолжен ако двете страни се задоволни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за фудбалер роден во Пловдив кој во Шкендија доаѓа како слободен играч откако му заврши договорот со Панавежис од Литванија. Во кариерата играл за Ботев Пловдив, а потоа Славија Софија и Локомотив Софија.

„Чест ми е што ќе играм за Шкендија, ова е еден од најдобрите балкански клубови. Клубот има фантастични навивачи и традиција. Дојдов да помогнам во остварувањето на големите амбиции“, изјави Милев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …