Дома Фудбал Германија Бувач конечно станува самостоен тренер

Бувач конечно станува самостоен тренер

Германските медиуми пренесуваат дека Жељко Бувач е главен кандидат за тренерското столче на Мајнц.

Бувач беше долгогодишен помошник на Јирген Клоп, во многу клубови, но неодамна ја прекинаа соработката. Вистинската причина никогаш не беше јавно соопштена, но медиумите шпекулираа дека српскиот стратег сакал да започне самостојна работа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, Бувач откако го напушти Ливерпул не работеше никаде, иако се шпекулираше дека има понуди од неколку клубови.

Сега конечно може да започне самостојна работа и тоа во Мајнц, кој остана без тренер после лошиот старт во Бундеслигата.

Бувач е познато лице во тој германски клуб со оглед на фактот дека како играч настапиваше три години во Мајнц,  а потоа таму работеше седум години како помошник тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…