Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш ги прекина преговорите за нов договор

Бруно Фернандеш ги прекина преговорите за нов договор

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ја одби понудата и ги стопира преговорите за нов договор со клубот, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


27-годишниот Португалец одлично ја започна својата авантура на „Олд трафорд“ откако пристигна пред точно две години и беше најдобар играч кај „црвените ѓаволи“.

Во исто време Фернандеш е еден од фудбалерите со најниска плата и добива „само“ 100.000 фунти неделно. Тоа е на рамниште на Фил Џонс и е четири пати помалку од најплатените фудбалери, Погба и Де Геа.

Фернандеш има договор до 2025 година, но Јунајтед му понуди нов договор. Меѓутоа, Португалецот не е задоволен од понудата и ги стопирал преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА му соопшти на еден од најдобрите судии дека нема да суди финале ако во него игра Аргентина, причината е бизарна

Како што пишува британскиот The Sun, Оливер би можел да остане без можност да суди финале …