Дома Останати Кошарка НБА Бруклин го расипа големиот јубилеј на Леброн

Бруклин го расипа големиот јубилеј на Леброн

Бруклин серијата од пет натпревари ја продолжи славејќи против Лејкерси со 109:98.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нетси со оваа победа го расипаа големиот јубилеј на Леброн Џејмс кој стигна до 35.000 поени. Сега на вечната листа пред него се само Карим Абдул Џабар со 38.387 и Карл Мелоун со 36.938 поени.

До ова големо достигнување Леброн стигна како најмлад играч и му требаа помалку натпревари од Џабар и Мелоун. Леброн до 35.000 поени стигна со 1295 натпревари, 28 помалку од Џабар и 74 од Мелоун.

Јубилејниот поен „кралот“ го постигна во втората четвртина, а натпреварот го заврши со 32 поени, осум скока и седум асистенции. Кај Лејкерси за триумф недостасуваа поените на Ентони Дејвис.

Џејмс Харден дојде до 11. дабл-дабл во низа со учинок од 23 поени и 11 асистенци, Кајри Ирвинг запиша 16 поени, а Харис 21. Треба да се спомене дека Нетси играа без Кевин Дурант.

Покрај овој меч беа одигран и уште два, Торонто славеше против Милвоки со резултат 110:96, а Мајами запиша труимф против Сакраменто од 118:110.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…