Јован Симиќ, кој ја извршуваше функцијата генерален директор во редовите на Брера заминува од клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Симиќ на почетокот на подготовките за новата сезона ја презеде функцијата Спортски директор, но поради неговите приватни и семејни обврски соработката е прекината.
„Секогаш е тешко кога доаѓа до разделба, особено оние разделби кои не се во прилог ни на двете страни. Поставивме добри темели за новата сезона што е пред нас и клубот ја дочекува сезоната подготвен во играчки и организациски смисол. Голема благодарност до Горан и семејството Пандев, сопствениците на Брера Холдинг и сите луѓе со кои соработував во Брера. Македонија и Струмица имаат посебно место во моето срце, бидејќи сите ме прифатија со отворено срце. Во Струмица е напишана најубавата страница од мојата кариера и искрено жалам што нашите патишта се разделуваат, но Струмица останува мој град и со нетрпение очекувам да дојдам да гледам натпревари и да се сретнам со драги луѓе.“ – истакна Симиќ.
Претседателот на клубот, Горан Пандев, му се заблагодари на Симиќ за неговата посветена работа и му посака се најдобро во понатамошната кариера.
„Му благодарам на Јован за соработката, беше задоволство да се работи со таков професионалец, му посакуваме се најубаво во понатамошната кариера и се радуваме на идните средби како спортски пријатели.“ – истакна претседателот Пандев.