Дома Трансфер зона Ботман на чекор од трансфер во Милан

Ботман на чекор од трансфер во Милан

Милан и Лил се блиску до договор за трансфер на дефанзивецот Свен Ботман, пренесува „Газета дело Спорт“.

21-годишниот Холанѓанец игра фантастично во дресот на Лил и се промовираше во еден од најдобрите млади дефанзивци, па го привлече вминанието на многу европски гиганти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ботман го избра Милан и веќе има комплетен договор со „росонерите“ за 5-годишна соработка, а на „Сан Сиро“ ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Милан има одлични односи со Лил и се надева дека во следните денови ќе постигна договор со францускиот клуб за трансфер од 30 милиони евра.

Ботман треба да биде замена за Алесио Ромањоли, кој на лето ќе го напушти Милан како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…