Дома Македонски спорт Борачот Нуров елиминиран во четвртфиналето

Борачот Нуров елиминиран во четвртфиналето

Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров беше елиминиран во четвртфиналето на ОИ во Токио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во четвртфиналето во категоријата до 97 килограми Нуров беше поразен од Реинерс Салас Перес од Куба. Нуров важеше за фаворит и беше четврторангиран меѓу своите конкуренти, но Кубанецот успеа да слави со 6:4, најмногу благодарение на одличната прва рунда.

Претходно во осминафиналето македонскиот борач беше подобар од Мохамед Садауаи со 5:0.

Нуров е последниот македонски претставник на Олимписките игри во Токио кои завршуваат во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …