Дома Фудбал Италија Бонучи: Алегри лажеше, од Јувентус го доживеав најголемото понижување во кариерата

Бонучи: Алегри лажеше, од Јувентус го доживеав најголемото понижување во кариерата

Искусниот италијански дефанзивец, Леонардо Бонучи летово го напушти Јувентус и тоа на начин каков што не се посакуваше и очекуваше за играч кој прерасна во вистинска легенда на клубот.

Бонучи одигра повеќе од 500 натпревари, ја носеше и капитенската лента, а сега двете страни спорот ќе го решаваатн а суд.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фудбалерот ќе го тужи Јувентус за нарушување на имиџ. Бонучи беше изоставен од списокот за новата сезона, иако имаше желба да остане.

Сега тој за првпат јавно зборуваше за ситуацијата.

„По шпекулациите и гласините во медиумите на 13. јули бев известен дека не сум дел од проектот кој го замислиле директорот на Јувентус. Тоа за мене беше најголемото понижување во клубот за кој одиграв повеќе од 500 натпревари“.

„Алегри излезе со некои лажни изјави, не е точно дека пред неколку месеци ми кажал дека не смета на мене. Во нашиот последен разговор му кажав дека сум подготвен да отанам како 5-ти, 6-ти избор да им помогнам на младите фудбалери“, изјави Бонучи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…