Дома Топ вести „Бомба“: Халанд пристигна на преговори, наскоро ќе има нов клуб

„Бомба“: Халанд пристигна на преговори, наскоро ќе има нов клуб

19-годишниот голгетер Ервинг Халанд оваа сезона ги воодушеви европските гиганти со своите настапи во дресот на Салцбург.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На натпреварот против Ливерпул, Халанд беше следен од 40 скаути, па медиумите најавија голема битка за неговиот потпис во зимскиот преоден рок.

Германските медиуми пренесуваат дека Халанд вчера пристигнал во Дортмунд и започнал преговори со Борусија, која сега се смета како фаворит за неговиот потпис.

За Норвежанецот интерес покажуваат уште Манчестер Јунајтед, Јувентус, Баерн Минхен…па се очекува жестока битка за неговиот потпис.

Норвешките медиуми пак пренесуваат дека Халанд во овој период ќе посети неколку клуба за да ги види условите кои му ги нудат, а потоа ќе донесе конечна одлука за својата иднина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…