Хрватските медиуми објавија „бомба“ и тврдат дека Иван Перишиќ ќе се пресели во хрватски Хајдук.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
34-годишниот Перишиќ пристигна во Тотенхем минатото лето како големо засилување и запиша 44 настапи во сезоната.
Тој има уште една година договор, но медиумите тврдат дека би можел да го раскине во јануари и да замине како слободен агент.
Тој е дете на Хајдук, но никогаш не заигра за првиот тим, па во неколку наврати вети дека сака да се пензионира во клубот од Сплит.
Денес Хајдук го сруши сопствениот рекорд продавајќи го 16-годишниот вундеркинд, Вушковиќ, кој ќе остане во Хајдук додека не наполни 18 гоини.