Дома Македонски спорт „Бомба“ од Островот: Еден од најголемите англиски клубови го сака Миовски!

„Бомба“ од Островот: Еден од најголемите англиски клубови го сака Миовски!

Манчестер Јунајтед во изминатиот период има проблеми со нападот, а сега клубот од „Олд Трафорд“ наводно покажал интерес за Бојан Миовски, тврди „Дејли Рекорд“.

Миовски игра одлично во шкотски Абердин и е најдобар стрелец на овој тим, па со таквите настапи го привлекол и интересот на англискиот гигант.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Од Абердин претходно истакнаа дека Миовски не е на продажба, меѓутоа ако пристигне адекватна понуда може да замине. Во Манчестер Јунајтед Миовски би можел да биде замена за Ентони Марсијал за кој се најавува дека ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Договорот на Миовски со Абердин е со важност до 2026 година. Претходно македонскиот голгетер најчесто се поврзуваше со Селтик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…