Дома Топ вести „Бомба“ на Раиола: Погба заврши со Манчестер Јунајтед

„Бомба“ на Раиола: Погба заврши со Манчестер Јунајтед

Контровезниот агент Мино Раиола во разговор со весникот „Тутоспорт“ вели дека Пол Погба наскоро ќе го напушти Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Погба има договор со „црвените ѓаволи“ до летото 2022 година, но за повеќе од четири години во клубот, тој не ги оправда очекувањата.

Раиола не прецизираше дали Погба ќе си замине од „Олд Трафорд“ во јануари, но потвди дека двете страни ќе се разделат.

„Можам само да кажам дека е готово меѓу Погба и Манчестер Јунајтед“, кратко изјави Раиола.

Најсилен интерес за Погба покажуваат Реал Мадрид и Јувентус, а играчот на лето влегува во последната година од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…