Дома Топ вести БОМБА: Златан Ибрахимовиќ во сенцазионален трансфер се враќа во Манчестер Јунајтед!?

БОМБА: Златан Ибрахимовиќ во сенцазионален трансфер се враќа во Манчестер Јунајтед!?

Ако може да веруваме на американските медиуми, Златан Ибрахимовиќ наскоро би можел да се врати во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако имаше гласини за потенцијалниот трансфер во Милан, овој пат Златан не се поврзува со „Росонерите“. Наводно, Златан Ибрахимовиќ би можел да се врати во Манчестер Јунајтед, клубот од кого и пристигна во редовите на Ла Галакси.

Според пишувањата на „ЕСПН“, тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо е подготвен да се обиде да го доведе Ибрахимовиќ на краткорочна позајмица. Мурињо, чија столица на „Олд Трафорд“ се уште е не стабилна, под итно му се потребни квалитети во екипата, но потребна му е и лидерска фигура во соблекувалната, каква што е Швеѓанецот.

„Вистинската вредност на Ибрахимовиќ за Мурињо кој е под притисок е неговото влијание во соблекувалната. За некои во Јунајтед не е случајност што кавгите во екипата започнале по заминувањето на Ибра во МЛС“, напшиа Огден, новинар на ЕСПН.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…