Дома Фудбал Останато Болт: Ако се тркаме со Роналдо денес ќе ме победи

Болт: Ако се тркаме со Роналдо денес ќе ме победи

Поранешниот спринтер Усаин Болт важи за вистинска легенда во спортот, неговите рекорди се уште стојат и тешко дека во блиска иднина некој ќе ги сруши.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јасно е дека и поради годините и поради тоа што сигурно не тренира како порано Болт денес не е во форма како некогаш, па новинарите на „Марка“ го запрашаа кој би победил од него и Кристиано Роналдо ако се тркаат денес.

„Сигурно ќе победи Роналдо. Работи напорно секој ден, тој е еден неверојатен спортист. Верувам дека ме разбирате…Работи напорно и е фокусиран, па така сигурен сум дека во моментов ќе биде побрз од мене“, изјави Болт.

Болт крај на кариерата стави во 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал потврди за Фран Гарсија

Откако претходно во текот на денот неколку извори објавија дека Фран Гарсија ќе премине во…