Дома Фудбал Италија Боатенг (не)намерно го откри новиот клуб на Балотели!? (фото)

Боатенг (не)намерно го откри новиот клуб на Балотели!? (фото)

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели најави дека ќе ја напушти француска Ница, но сè уште нема одлучено каде ќе ја продолжи својата кариера, иако се споменуваа неколку потенцијални дестинации.

Новиот тренер на Ница, Патрик Виеира, неодамна кажа дека Балотели е незадоволен и дека сигурно ќе го напушти тимот, а тие ќе се обиделе да му помогнат во пронаоѓањето на нов клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Како заинтересирани екипи и можни дестинации за Балотели се споменуваа Олимпик Марсеј, Наполи и Парма, а во претходните денови се споменуваше и Сасуоло.

Сепак, очигледно такво нешто нема да се случи бидејќи неговиот поранешен соиграч од Милан, Кевин Принс Боатенг, реши на интересен начин да му го честита роденденот на Италијанецот.

„Среќен роденден Супер Марио, секогаш е забавно со тебе. Наскоро ќе играме повторно заедно“, напиша Боатен на својот Твитер профил.

Наводно, Боатенг од летово игра во Сасуоло, па наводно веќе знае нешто за потенцијалниот трансфер на Балотели, кој би можеле да го очекуваме во дресот на италијанската екипа.

Балотели сака да се врати во италијанската Серија А, но дали неговиот нареден клуб во кариерата ќе биде токму Сасуоло, останува да видиме во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета верува во титулата: Сонот е жив!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета во пресрет на последното коло се уште не се откажува и в…