Дома Македонски спорт Блажевски го продолжи договорот со Вардар

Блажевски го продолжи договорот со Вардар

Најдобриот стрелец на Вардар Дејан Блажевски денес го продолжи договорот со „црвено-црните“ до завршувањето на оваа сезона, поточно до јуни 2018 година.

На Блажевски актуелниот договор му истекуваше овој месец, но на задоволство на двете страни, соработката е продолжена.

„Вардар ми понуди нов договор, и прифатив да останам. Вардар е мој клуб, тука ја почнав мојата кариера, и среќен сум што останувам во мојот тим. Договорот е до крајот на сезоната, и посакувам уште многу настапи и уште многу голови во дресот на Вардар, и сигурно се надевам на уште една шампионска титула и на освојување на Купот на Македонија“, изјави Блажевски.

Блажевски после настапите во неколку интернационални клубови, се врати во Вардар во јануарскиот преоден рок 2015 година и до сега има вкупно 96 официјални настапи во дресот на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …