Дома Топ вести Битката за потписот започна: Меси има три понуди на маса

Битката за потписот започна: Меси има три понуди на маса

Шпекулациите за заминување на Лионел Меси од Барселона се се погласни, особено после вчерашниот состанок кој го имаше со новиот тренер Роналд Куман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меси му ја соопштил намерата на новиот тренер дека не се чувствува повеќе дел од тимот и сака да ја напушти Барселона, а тоа како „бомба“ одекна во фудбалска Европа.

Шпанска „Марка“ анализира, колку ќе ги чини Меси заинтересираните клубови, Интер, Сити и ПСЖ веќе ја започнаа трката за неговиот потпис.

Интер е подготвен да и плати на  Барселона 260 милиони, за Меси има подготовено 50 милиони по сезона, тврди „Марка“.

Сити има предност во Гвардиола, Шпанецот може да го убеди Меси да дојде во Англија, а парите за клубот од Манчестер не се проблем.

ПСЖ сака да ги состави Мбапе, Нејмар и Меси, но хендикеп за „светците“ се нарушените односи со раководството на Барселона по трансферот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…