Дома Фудбал Лига на шампиони Лигата на шампиони ќе се доигра во Лисабон!

Лигата на шампиони ќе се доигра во Лисабон!

Раководните лица на УЕФА веќе одлучија во кој град ќе се одигра финалната фаза од Лигата на шампионите.

Според „Билд“, Лисабон ќе биде домаќин на мини-турнир. Главниот град на Португалија победи во конкуренција на Франкфурт и Москва. Неколку фактори одат во корист на Лисабон. Како прво, сите португалски клубови веќе се надвор од европските турнири, што значи дека другите екипи ќе бидат поставени под еднакви услови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај тоа, епидемиолошката состојба во градот е поповолна од онаа во Франкфурт и Москва, притоа во градот има два големи стадиони близу едни до други.

УЕФА и официјално ќе објави како ќе се доигра остатокот од сезоната во ЛШ на 17 јуни. Од четвртфиналето па наваму, елиминациите се очекува да бидат во еден натпревар, а финалето е закажано за 29 август.

 Атлетико Мадрид, Пари Сент Жермен, Лајпциг и Аталанта веќе се квалификуваа за четвртфиналето. Треба да се одигра реваншот во останатите четири двојки: Манчестер Сити – Реал Мадрид, Јувентус – Лион, Баерн Минхен – Челзи и Барселона – Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…