Дома Фудбал Останато Биелса одби да биде тренер на Ривер поради клубот кој има стадион со неговото име

Биелса одби да биде тренер на Ривер поради клубот кој има стадион со неговото име

Марсело Биелса е без тренерски ангажман од февруари оваа година кога со заеднички договор ја раскина соработката со Лидс по серијата од четири порази во Премиер лигата.

И покрај тоа, навивачите не го заборавија и се уште се слушаат на натпреварите можат да се слушнат скандирања за човекот кој ги врати во Премиер лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во меѓувреме, Аргентинецот ја одби понудата од еден од најголемите клубови во неговата татковина.

Биелса доби понуда од Ривер Плата да го преземе првиот тим откако Марсело Гаљардо најави дека ќе си замине после осум години, но искусниот стратег го одби Ривер од необична причина.

Проблемот е што во аргентинскиот шампионат има стадион кој го носи името на Марсело Биелса, тој е дом на фудбалерите на Њуелс, каде Биелса помина десет години како функционер и неколку години како играч на почетокот на кариерата.

„Не можам да тренирам тим кој игра против клуб чиј стадион го носи моето име“, накратко им објаснил Биелса на луѓето од Ривер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо даде предвидување за разврската во Премиер лигата 🎥

Кристиано Роналдо беше дел од големиот бокс спектакл во Ријад и во живо ја следеше борбата…