Герет Бејл не минува низ најдобар период во Реал Мадрид, бидејќи веќе неколку месеци се обидува да ја врати својста препознатлива форма.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На стартот на оваа сезона конечно е физички подготвен, но не е во прв план, што и не е зачудувачки кога ќе се увиди како играат Иско и Асенсио.
Велшанецот често е на удар на критичарите и медиумите, но тоа не допира до него.
„Не ме вознемируваат натписите во медиумите. Тоа се само туѓи мислења и знам дека весниците мораат да продаваат тираж и дека пишуваат за се. Јас сум навикнат луѓето да пишуваат добри и лоши работи и тоа воопшто не ме допира“, истакна Бејл.
Тој потоа одговори на прашањето за тоа која е неговата најголема мана.
„Мислам дека сум мрзелив по природа, да кажеме тоа е најдобар одговор“.