Дома Фудбал Останато Бејл вчера направи нешто на кое чекаше 10 години

Бејл вчера направи нешто на кое чекаше 10 години

Тотенхем вчера во 5. коло од Лига Европа одигра 3:3 против ЛАСК, но и тоа му беше доволно за да го обезбеди пласманот во следната фаза.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот гол за Спарсите го постигна Герет Бејл од пенал во 45. минута. Тотенхем потоа два пати водеше, но остана без победа после голот на Карамоко во судиското продолжение. За Бејл тоа беше јубилеен 200. гол во кариерата, сметајќи ги клупските и репрезентативните.

Интересно е што за Бејл ова беше прв гол во Европа на гости за Тотенхем после цели 10 години. Последен пат гол на гости постигна кога Тотенхем изгуби од Интер 4:3. Во тој меч Бејл запиша хет-трик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ќе го паметат „Ел Класико“ цел живот – пред полн стадион ја запроси девојката! (Видео)

Еден фан на Барселона ја запроси својата девојка за време на полувремето на Ел Класико на …