Дома Фудбал Останато Бејл: Вонземјани постојат, но ги кријат

Бејл: Вонземјани постојат, но ги кријат

Герет Бејл во изјава за официјалниот сајт на Тотенхем, тврди дека сигурно постојат вонземјани.

Дека Бејл е поинаков фудбалер од останатите и дека знае да изненади потврди со неговата последна изјава.

„Постојат теории на завери, но постојат и снимки од НЛО. Ги објавуваше владата на САД. Дали се лажни? Не, сигурен сум дека постојат, јас лично сум видел неколку такви објекти. Исто така знам дека постојат вонземјани, но некој ги крие. Можеби тоа го прават владите на големите земји, но постојат. Убеден сум во тоа“, изјави Бејл.

Бејл во овој момент игра во Тотенхем како позајмен играч од Реал и се уште не се знае каде ќе игра наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вакво нешто не сте слушнале досега: Португалец го одби Њукасл поради неверојатна причина

Њукасл разговараше со сите сили да го добие Жоао Палинја, португалскиот играч за врска. Пр…