Дома Трансфер зона Бернардески после Јувентус кариерата може да ја продолжи во Шпанија

Бернардески после Јувентус кариерата може да ја продолжи во Шпанија

Пред двa дена Јувентус се прости од Федерико Бернардески, кој мина пет сезони во Торино. Италијанскиот репрезентативец така стана слободен играч и ќе може да го избере клуб во летниот преоден рок.

На првиот ден откако стана остана без клуб 28-годишниот фудбалер почна да добива опции за продолжување од кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот кој го контактирал Бернардески бил големиот ривал на Јувентус, Наполи. „Наполитанците“ стапиле во контакт со агентот на крилниот напаѓач, но тој наводно не е баш заинтересиран за потпис со тимот на нашиот Елмас.

Според познатиот новинар Џанлука ди Марцио, во меѓувреме Чоло Симеоне се решил да го побара Бернардески и да го покани во Атлетико. „Јорганџиите“ не сакаат да ја пропуштат можноста и да го доведат италијанскиот репрезентативец без оштета.

Од Торино во Мадрид веќе замина Алваро Мората, кој се прости од „старата дама“ и се врати на „Ванда Метрополитано“, Симеоне се надева дека по неговиот пат ќе тргне и Бернардески.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…