Дома Фудбал Останато Бербатов ја доби битката: Станува прв човек на бугарскиот фудбал

Бербатов ја доби битката: Станува прв човек на бугарскиот фудбал

Бугарскиот фудбалски сојуз денеска го прифати отстапувањето на Борислав Михаилов од функцијата на претседател на сојузот. Ова се случи на вонреден конгрес на собранието на сојузот, каде што на предлог на поранешниот претседател гласањето беше јавно.

Резултатот од гласањето покажа дека 303 делегати гласаа “ЗА” прифаќањето на оставката на Михаилов, додека само 12 делегати беа “ПРОТИВ”. Исто така, делегатите прифатија и оставките на членовите на Извршниот комитет на сојузот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се очекува прославениот фудбалер и поранешен играч на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, Димитар Бербатов, ќе седне на престолот на бугарскиот фудбал. Бербатов веќе подолго време се бори за промени во бугарскиот фудбал и изгледа дека конечно ќе добие шанса да ги спроведе своите замисли.

Важно е да се спомене дека Бугарија не учествуваше на големите фудбалски натпреварувања од Мундијалот во 1998 година во Франција, што е еден од предизвиците пред новиот руководство на сојузот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…