Доменико Берарди сигурно ќе го напушти Сасуоло на лето и веќе се договорил со Јувентус, пренесува „Калчомеркато“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Берарди со години игра одлично во Сасуоло, но никако да направи трансфер во голем клуб. Јувентус го сакаше и минатото, но не успеа да го реализира трансферот.
„Старата дама“ не се откажува од Италијанецот, кој е голема желба на Алегри, па ќе се обиде да го доведе на крајот на сезоната.
Сега и самиот Берарди го притиска клубот да му дозволи трансфер и веќе постигнал договор со Јувентус.