Дома Трансфер зона Бенфика потврди: Енцо може да замине, но само под еден услов

Бенфика потврди: Енцо може да замине, но само под еден услов

Фудбалскиот клуб Бенфика е подготвен да го продаде Енцо Фернандес, но само под еден услов.

Претседателот на клубот Руи Кошта денеска изјави дека клубот не е принуден да го продаде најдобриот млад играч на Светското првенство во Катар и дека ќе замине само ако некој ја плати откупната клазула во неговиот договор која изнесува 120 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Единствен начин Енцо да си замине на зима е некој да ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра. Не сакаме сега да го продадеме Фернандес, но нема да правиме проблем ако сака да замине и некој ја плати клаузулата“ изјави Руи Кошта.

Според последните информации, Челзи е најконкретен во идејата за активирање на клаузулата, но во игра се и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

ВРЕДИ ЛИ ЕНЦО 120-130 МИЛИОНИ ЕВРА?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…