Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Бензема со емотивна порака се прости од Мундијалот

Бензема со емотивна порака се прости од Мундијалот

Најдобриот фудбалер во светот за оваа година, Карим Бензема и официјално ќе го пропушти Светското првенство.

Бензема на тренингот на „триколорите“ ја обновил повредата на бутниот мускул што ја заработи на натпреварот од Лигата на шампионите против Селтик.

Ова дефинитивно е големо разочарување за освојувачот на „Златната топка“, кој испрати порака преку социјалните мрежи.

„Во животот никогаш не сум се откажал, но морам да мислам на тимот вечерва. Морам да го отстапам моето место на некој кој може да му помогне на тимот“, напиша Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Наполи со нова тактика поради проблеми со повреди

Масимилијано Алегри размислува за промена на формацијата поради бројните повреди во тимот …