Дома Топ вести Бензема: На интернет се пишува се, но реалноста е поинаква

Бензема: На интернет се пишува се, но реалноста е поинаква

Карим Бензема е главна тема откако сите еминентни медиуми објавија дека ја прифатил богата понуда од Саудиска Арабија и дека ќе го напушти Реал Мадрид.

Французинот присуствуваше на вечерашниот хенепинг на „Марка“ организиран во негова чест, со наслов „Карим Бензема – легенда на Реал Мадрид“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таму мораше да одговори на прашање за својата иднина, иако не даде конкретен одговор.

„Имаме натпревар в недела, а јас сум фудбалер на Реал Мадрид. Тоа е клубот што максимално го почитувам. Тука дојдов како дете, а израснав, како што вие велите, во фудбалска легенда. После натпреварот, ќе седнеме со претседателот и ќе зборуваме за мојата иднина. Знам дека луѓето сешто пишуваат на интернет, тоа е така во денешниот свет. Но, во реалноста, работите се малку поинакви отколку на интернет“, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…