Дома Фудбал Останато Бензема: Мбапе еден ден ќе игра во Реал Мадрид

Бензема: Мбапе еден ден ќе игра во Реал Мадрид

Реал Мадрид до последниот ден од преодниот рок се обидуваше да го донесе Килијан Мбапе, но не можеше да постигне договор со ПСЖ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мбапе е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката.

Неговиот соиграч од репрезентацијата и ѕвезда на Реал Мадрид, Карим Бензема нема дилеми дека Французинот наскоро ќе игра на „Сантиаго Бернабеу“.

„Добро се сложуваме со Килијан, и на теренот и надвор од него. Секако дека би сакал да биде покрај мене во Мадрид еден ден, но мора да го почитуваме клубот. Во секој случај, сигурен сум дека ќе игра за Реал Мадрид еден ден. Ова го повторувам затоа што Реал е најдобар во светот“, изјави Бензема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал на Светското првенство: Водителката во емисија удри по Доку и раѓањето на детето, доби казна која ќе ја памети

Француската спортска водителка Франс Пирсон беше суспендирана од телевизиската програма за…