Дома Фудбал Лига на шампиони Бензема вечерва слави: Но, се уште не четвртфинале, туку јубилеј во кралскиот дрес

Бензема вечерва слави: Но, се уште не четвртфинале, туку јубилеј во кралскиот дрес

Францускиот напаѓач, Карим Бензема вечерва ќе одбележи значаен јубилеј во Лигата на шампионите.

Неговиот Реал гостува кај ПСЖ во рамки на реванш мечот во осминафиналето во ЛШ, а Бензема на тој меч ќе го одбележи 100. настап во ова натпреварување.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Пред него, само двајца Французи успеаа да забележат барем 100 настапи во ЛШ, а тоа беа Тиери Анри и Патрис Евра. Анри забележа 112 дуели во ЛШ, а Евра четири помалку.

Карим во досегашните 99 настапи постигна дури 53 погодоци во најелитното европско фудбалско натпреварување, а пред него се само Руд Ван Нистелрој, Раул Гонзалес, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…