Дома Трансфер зона Бенатиа не е среќен во Јувентус – Милан го чека со раширени раце!

Бенатиа не е среќен во Јувентус – Милан го чека со раширени раце!

Дефанзивецот на Јувентус, Мехди Бенатија јавно призна дека не е задоволен од својот статус во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бенатиа оваа сезона после враќањето на Бонучи добива мала минутажа, па би можел да ја промени средината уште во јануари.

„Нормално е да не бидам среќен кога не играм. Не можам да влезам во форма бидејќи постојано сум на клупата. Минатата година имав континуитет, но сега работите се променија. Можеби ќе беше подобро ова лето да се преселев во тим каде што ќе играм редовно. Ќе видиме што ќе се случи во јануари“, изјави Бенатиа.

Силен интерес за 31-годишниот Мароканец покажува Милан кој е во потрага по дефанзивец после повредата на Калдара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…