Дома Останати Тенис Барти без изгубен сет го освои Австралија Опен

Барти без изгубен сет го освои Австралија Опен

Eшли Барти е освојувачка на Австралија Опен во женска конкуренција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домашната тенисерка и прва на ВТА листата во финалето ја совлада Даниела Росе Колинс со 2:0 во сетови. Првиот сет Барти го доби 6:3. Во шестиот гем освои брејк и на крајот ја искористи првата сет топка за водство од 1:0.

Во вториот сет 30. Тенисерка во светот имаше прилиак да стигне до изедначување. Имаше два брејка предност и водеше со 1:5, но Барти возврати и изедначи на 5:5. Се играше тај-брејк, а таму подобра беше Барти со 7:2.

До трофејот Барти стигна без изгубен сет. Финалето во машка конкуренција се игра утре од 9:30 часот помеѓу Рафаел Надал и Данил Медведев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа ќе игра против Шпанка во првото коло од квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа го дозна името на својата прва противничка во квалификациите за Вимблдон. Ка…