Плејмејкерот на Барселона Иван Ракитиќ ја игра последната сезона на „Камп Ноу“ и на лето сигурно ќе ја промени средината.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ракитиќ оваа сезона го загуби првотимскиот статус и самиот призна дека не е повеќе среќен во Барселона, а неколку европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис.
По се изгледа дека Ракитиќ донел одлука кариерата да ја продолжи во Севиља, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Каталонски „Спорт“ пишува дека Барселона веќе ја одредила цената и за слободата на Хрватот бара 20 милиони евра, сума која Севиља е спремна да ја плати.