Барселона во натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите во Будимпешта ќе игра против Френцварош и во овој меч Каталонците ќе бидат без својата најголема ѕвезда Лионел Меси.
Меси не играше во минатото коло против Динамо Киев.
Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Тренерот на Барселона Роналд Куман порача дека за овој дуел со Унгарците нема да конкураат уште Марк Андре Тер Штеген и Фелипе Кутињо кои ќе добијат одмор, а поради повреда дуелот ќе го пропуштат Пике, Фати, Роберто и Умтити.
Барселона веќе обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите со четири победи во групата Г, а во последното коло ќе игра против Јувентус кој исто така има обезбедено пласман.