Дома Трансфер зона Барселона си најде дефанзивец во Рим

Барселона си најде дефанзивец во Рим

Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона е силно заинтресирана за дефанзивецот на Лацио, Фeлипе Луис.

Каталонците внимателно ги гледале настапите на 22-годишниот дефанзивец пред Серија А да биде суспендиран поради ширењето на коронавирусот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скаутите на Барселона се задоволни од неговите партии и клубот спрема понуда ова лето. Договорот на дефанзивецот истекува 2022 година, но Лацио сака да го задржи и сигурно ќе му понуди нов договор.

Сепак, играчот тешко дека би можел да ја одбие понудата на Барселона, која е спремна да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.

Оваа сезона Луис Фелипе одигра 19 натпревари во Серија А за Лацио и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 70 милиони за ѕвездата на Аталанта

Челзи се приклучи во трката за потписот на ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативе…