Дома Топ вести Барселона најде замена за Дембеле, пристигнува од Премиер лигата

Барселона најде замена за Дембеле, пристигнува од Премиер лигата

Барселона активно работи на засилувања за следната сезона и веќе е блиску до договор со неколку ѕвезди.

Според пишувањата на каталонските медиуми Барселона има договор со Кристенсен и Франк Кеси, кои ќе пристигнат како слободни агенти, а следен е Мазрауи од Ајакс.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемото засилување за Барселона треба да пристигне во нападот, односно замена за Осман Дембеле, кој заминува на крајот на сезоната.

Доаѓањето на Салах е скоро „невозможна мисија“ во моментов, па поради тоа Барселона се насочува кон ѕвездата на Лидс и бразилски репрезентативец, Рафиња.

Рафиња игра одлично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, а Лидс во неколку наврати одби понуди од 50 милиони евра.

Јасно е дека Лидс нема да може да го задржи и ова лето, а Барселона веќе работи на трансферот и е спремна да плати 50 милиони за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…