Дома Трансфер зона Барселона му нуди нов договор на Дембеле?

Барселона му нуди нов договор на Дембеле?

Осман Дембеле пристигна во Барселона за 105 милиони евра од Борусија Дортмунд пред три години.

Дембеле пристигна како играч од кој се очекуваше да го замени Нејмар, но неговиот неспортски живот го спречи да го исполни својот потенцијал. Французинот често беше надвор од терените поради повреди имаше проблеми и со зависноста од видео игри. Барселона затоа се обидуваше и да го продаде.


Финале ЛШ: Реал Мадрид 15-та, или Дортмунд втора!? ↓↓↓


Иако, Куман не сметаше на Дембеле, сега ситуацијата се променила. Барселона наводно му понудила нов договор на Дембеле со важност до 2022 година.

„ЕСПН“ повикувајќи се на сигурен извор објави дека Барселона му нуди нов договор во моментите кога Манчестер Јунајтед покажал интерес за него. Не се исклучува можност новиот договор да биде потег со кој Барса сака да извлече повеќе пари од „црвените ѓаволи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

ПСЖ не запира: Сака уште еден француски репрезентативец

Заминувањето на Килијан Мбапе нема да влијае на политиката на Пари Сен Жермен да продолжи …