Надлежните органи во Шпанија се договорија со Саудиска Арабија натпреварите од Суперкупот во наредните три години да се играат во Џеда.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
За разлика од претходните години во Суперкупот ќе учествуваат четири клуба, па ќе гледаме две полуфиналиња и едно финале.
Денес се одржа ждребот кој во полуфиналето ги спои Валенсија – Реал Мадрид, како и Барселона – Атлетико Мадрид.
Првиот меч ќе се одигра на 8-ми јануари, второто полуфинале на 9-ти јануари, а финалето на 12-ти јануари.
Сите три натпревари ќе се играат во Џеда, Саудиска Арабија која за тоа ќе плати 40 милиони евра.