Дома Топ вести Барселона го сака „бисерот“ на Ливерпул

Барселона го сака „бисерот“ на Ливерпул

Барселона е сериозно заинтересирана за младиот талент на Ливерпул, Стефан Бајчетиќ, пренесува Фабрицио Романо.

Бајчетиќ е син на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Срѓан Бајчетиќ, но е роден во Шпанија и избра да игра за шпанската репрезентација.

Бајчетиќ минатата сезона се наметна во првиот тим на Клоп и покажа дека е еден од најголемите таленти во Европа, но потоа заработи тешка повреда.

Играчот за врска има само 18 години, а Барселона сака да го доведе на едногодишна позајмива за 4 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…